Двејн Џонсон вели дека се чувствува благодарен откако авионот со кој патувал неодамна бил принуден да изврши принудно слетување.
Џонсон се присети на искушението во видеото објавено на неговата X страница, велејќи дека пилотот го информирал додека биле на пат за Хјустон дека морале да се вратат на Хаваите, каде полетале половина час порано.
“Пилотот е свртен со мене, лице в лице, само јас сум во авионот. Тука е екипажот. И тој вели: “Господине Џонсон, извинете што ве информирам вака, но не можеме да продолжиме да летаме над океанот. Имаме проблем”, се сеќава Џонсон на зборовите на пилотот.
Според зборовите на актерот, пилотот му дал збор дека „безбедно ќе го врати на островот“ и му објаснил дека проблемот со хидрауликата предизвикал дефект на авионот.
Во еден момент, Џонсон се фатил себеси како размислува за смртта.
„Дали е тоа – тоа ли е? Така ли се одјавувам“, помисли моќникот.
Џонсон беше на пат за Хјустон да ужива во натпревар во американски фудбал.
Мораше да го следи преносот од Хаваи, но најважно е што слета жив и здрав.



