Актерката Ева Лонгорија и се придружи на Џесика Алба во фан клубот на Шакира.
Колумбиската ѕвезда собори актерка од нозе за време на концерт во Мексико Сити.
Ева била толку воодушевена што ја „бомбардирала“ Шакира со комплименти во објава на нејзиниот Инстаграм профил.
Згора на тоа, таа ја „обвини“ за некои полесни повреди.
“Беше 10/10. Шакира, ти си чудо за шоуто. Енергијата беше неверојатна. Нозете уште ме болат од танцување! Те сакам, моја Шак“, напишала Ева, па дури успеала да направи неколку селфи и да се фотографира со главната ѕвезда.



