Најпознатата градба во Барселона, црквата Саграда Фамилиа се гради повеќе од 136 години, без да има градежна дозвола и без да биде запишана во книгата за евиденција на објекти.
Одговорните за оваа градба сакаат целиот проект да го завршта до 2026 година со буџет од 50 милиони евра, како би имала годишно 4.5 милиони посетители. Тоа значи дека црквата ќе прима 12.000 посетители дневно.
Бројот на посетители редовно расте откако објектот бил посетен од Папата Бенедикт.
Сепак, покрај се црквата Саграда Фамилиа се гради без надзор од градските власти на Барселона и без надлежност на каталонската Влада која до сега нема превземено никакви мерки.
Постои само една дозвола од 1882 година која ја издал Марти Д. Провенчалс, дозволата била наменета за архитектот Антонија Гаудија да започне со легализација и евентуална градба на ова место, но сепак тоа не се случило.



