Една мајка решила да го сподели своето искуство и да објасни какви промени најмногу ја изненадиле кога била во родителска улога. Иако претходно мислела дека има доволно информации за тоа што носи мајчинството, Моли Трифин била изненадена од промените што се случиле во нејзиниот живот, откако таа станала мајка.

Некои работи што таа мислела дека никогаш нема да може да ги направи, станаа нејзини секојдневни.
Еве пет работи што Моли ги издвои за читателите:
Не сум веќе гадлива од ниедна работа
Пред две години, не можев ниту да замислам дека секој ден ќе го чепкам носот или ќе менувам пелени. Сепак, овие непријатни работи сега постојано ги правам, и не ги доживувам толку лошо.
Се вљубив во него на прв поглед
Кога бев бремена, луѓето постојано ми кажуваа дека кога ќе имам бебе ќе го сакам повеќе од мене. Тоа звучеше неверојатно за мене. Тешко ми беше да верувам дека е можно да се засака друго човече на овој начин.
По породувањето, се уште изгледав како да сум во шестиот месец од бременоста
Секоја мајка знае за ова. Многу е непријатно. Знаев дека ќе имам прекумерна тежина по породувањето,но бев запознаена претходно со тоа,и потоа само го доживеав смирено ,сепак матката се шири во бременоста, така што е потребно време за да се врати на место.
Доењето е една од најтешките работи што некогаш сум ги направила
Иако доењето звучи како природен и едноставен процес, тоа беше многу тешко за мене. Морав да гледам што јадев и што не треба да јадам за да имам млеко. Исто така, беше тешко да го запазам времето со потребата на детето да јаде во одредено време. Покрај менталниот стрес, доењето е физички исцрпувачко.
Немав поим колку прегратките се убави
По природа, јас сум нежна и сакам да се галам со мојот сопруг или со кучето. Но, ништо не е слично со бебето. Ова е единствениот пат кога навистина му давате некому прегратка,љубов безусловно.
Кога Тео го става рачето околу мојот врат и ме бакнува во лице … Совршенство!



