Епл веќе неколку месеци се труди да го реши проблемот за непланираните повици во полиција. Полицијата до сега примила над 2.000 повици.
Проблемите почнале во почетокот на октомври 2017 година, од тогаш Епл неможе да го среди овој проблем со непосакуваните повици.
Компанијата работи на решение на овој проблем и соработува со полицијата која дневно прима најмалку 15 повици.
Полицијата изјавила дека на повиците се слуша тишина и некое чукање.
Најголемиот проблем претставува тоа што повиците некогаш се во исто време и оптеретуваат неколку телефонски линии, со тоа што ги спречуваат итните случаеви, на кои им е загрозена јавната безбедност.
Покрај што повиците се тајни дури ни полицијата неможе точно да знае од каде доаѓаат тие повици.
Се сомнева дека тој проблем е малку намален во еден од овие уреди “iPhone 8, iPhone 8 Plus, iPhone X и Apple Watch”
Многу од уредите од кои се направени повици дури и не се активирани, а Епл вели дека не може да ја исклучи опцијата за повикуваењ на полицијата од неактивните телефони поради прописите на Комисијата за комуникации.



