Пожарот, кој пред неколку дена избувнал во еден стан во Стоктон, град во Калифорнија, направи штета на две згради во еден комплекс, додека неколку станови беа целосно изгорени.
Начелно, сопствениците на овој домашен миленик женски питбул наречен Сашка ја разбудил нивната ќерка со тоа што скокала по вратата и пробала да ги потсети своите сопственици за својата ќерка која се наоѓала во спаланта соба.
“Ја видов како во забите носи пелени. За тоа време пожарот веќе го имаше уништено домот на нашите комшии, Сашка се повеќе лаеше. Не ни падна на памет дека она сака да не предупреди за пожарот” – изјави Нана.

Нана станала од креветот да провери што се случува. Кога видела дека има пожар кај комшиите веднаш се упатила кон спалната соба во која се наоѓала нејзината ќерка, стара само седум месеци. Кога влегла во собата, имала што да види. Сашка веќе ја спасувала нивната ќерка со тоа што пробала да ја повлече од креветот, држејки ја за пелените.
“Благодарение на Сашка, на време излеговме од станот и викнавме 911. Викајки помогнавме и другите станари да успеат да се спасат од овој пожар. Јас и го должам животот на Сашка она е наш јунак. Без нејзе не верувам дека би се спасиле” – изјави Нана
Станот целосно изгори, пожарникарите брзо стигнаа и успеаа за краток рок да го изгасат оганот, пожарот не успеа да ја уништи цела зграда. Али станот на Сашка и нејзините сопственици е целосно уништен во пожарот заедно со сите ствари кои биле внатре.
Додека пробуваат да почнат живот од ново. Нана се надева дека гестот на нивното домашно милениче Сашка ќе го промени ставот на сите луѓе кои чуваат питбул и оние кои имаат страв спрема нив.



