Секој човек жали по минатото. Тоа е како стара љубов која заминала и повеќе нема да се врати. Често го спомнуваме минатото време, кое беше време на убави спомени и мирен живот.Се смени времето, потребата да се биде современ и потребата да се има малку повеќе.
1.Во минатото луѓето имаа поголема доверба едни во други, дружењата беа чести. Одење на излет, собирање по домовите, повикување на ручек. Звучи познато? Тогаш секој делеше се што има со секој, социјалниот живот беше на високо ниво, а себичноста и отуѓеноста беа непознати чувства.
2.Во продавниците имаше мал избор од секој производ, а секој имаше доволно. И, ако се случи да нема во продавницата, имаат соседите. Сечија врата беше отворена за секој што ќе праша или ќе побара помош.
3.Не се споредуваа кој колку има. Овде бладееше реченоцата, ако имаат соседите, ќе имам и јас. Исто така не постоеше страв од немање, постоеа само мисли и реченици кои влеваа надеж за светла иднина.

4.Во домовите имаше едно нешто кое го користеа сите членови на семејството. Еден телефон, еден телевизор, еден автомобил. Сега како секој член од семејството е посебен и од друго место. Можеби и потребите за конфор беа мали.
5.Работењето на големите фабрики обезбедуваше заработка за сите.Големи и познати фабрики со стотици вработени. Нивното работење прехрануваше илјадници души. Со големиот број вработувања сите производи беа достапни за секој човек.
6.Не беше важен квалитетот, важно беше да се има. Тоа што ќе ни го понудеа производителите, тоа беше квалитет. Но, важно беше дека веќе го имаме производот. И кога некој ќе купеше нешто ново, се викаа соседите и најблиските на частење, а денес тоа што ќе се купи се покажува на социјалните мрежи. Денешната среќа има краток рок на траење, секогаш се гледа тоа што се нема, а не тоа што има.
7.Тоа што имавме не правеше задоволни и среќни. Имам кола, имам семејство, имам плата, одам секоја година на одмор со пријателите, имам доволно храна. Овие мали работи го правеа среќен, секој човек. Ако ги гледаме објективно нештата, ќе сфатиме дека работите што ги немаме ги прават луѓето несреќни. И најважно од се,е тоа што децата имаа детство,формираа спомени дружејќи се деноноќно,детство исполнето со љубов и другарување за разлика од денес.
Напиша: Даниела Ангелова



