И покрај тоа што се смета за најбезбедна апликација кога станува збор за приватноста, сепак и Телеграм не е толку безбеден.
Дирај Мишра, истражувачот на компјутерски безбедности, откри дека десктоп апликацијата на Телеграм, при гласовен повик ги открива IP адресите на корисниците кој се во истиот разговор.
Додека корисниците на паметните телефони имаат опција да ја исклучат опцијата која ја прикажува нивната IP адреса при комуникација.
Сепак оваа опција не е достапна за корисниците на десктоп/лаптоп компјутерите.
На корисниците преку овој начин им е загрозена безбедноста, затоа што нивната локација може да се пронајде лесно.
Телеграм го реши овој проблем со наградбата на верзијата во 1.3.17 или бета 1.4 преку која можете да ја исклучите P2P конекцијата при гласовна комуникација.
Поради оваа грешка која ја пронајде Дирај Мишра тој од страна на Телеграм беше награден со 2.000 евра.



