Како главен поттикнувач за нивното настанување најчесто се наведува стресот и брзиот начин на живот. Притоа, значајна улога има има и храната која ја јадеме.
Ако постојано јадете готова храна и од нога, време е да го смените тоа. Пред се, треба да се одбегнуваат маснотии од намирниците од животинско потекло, како и рафинирани јагленохидрати, кои се штетни, шеќер и бело брашно.
Треба да се консумират карфиол, брокула, кељ, прокељ, барем еднаш неделно, и тоа задолжително доколку веќе е дијагностицирана циста на дојките. Овој скапоцен зеленчук содржи индол-3-карбинол, кој докажано ја намалува способноста за сврзување на естрогенот за ткивото на дојката и спречува да се појават сериозни хормонски предизвикани малигни заболувања. На многу жени им се препорачуваат природните антиоксиданси, како што се витамините Е и Ц, бета каротен како и омега – 3 масни киселини.
Препорачливо е да се намали внесувањето на кофеин и да се исфрли алкохолот.



