Тие се дел од производите за нега на косата и кожата, се користат во изработка на разни релаксирачки и други средства за опуштање, масла за масажа и многу други намени.
Одберете го базичното масло, односно маслото за основа. Тоа може да биде маслиново масло, бадемово, масло од коски од кајсии итн.

Во проѕирните теглички ставете ги избраните растенија и со нив наполнете 2/3 од тегличките, а потоа наполнете ја секоја од тегличките со основното масло до горе. Тегличките добро затворете ги
Потоа, така припремените теглички ставете ги во тенџерето и налејте вода во висина до половина од тегличките. Внимавајте температурата на варење да биде тивка и оставете ги така да крчкаат барем неколку часа, а по потреба додавајте вода.



