Апликацијата Google Maps е најбитна за скоро секое патување, додека Гугл разви нова апликација наречена Google Trips.
Ако сакате апликација која ги содржи сите препораки за вашето патување, начинот на транспорт, можност за резервација и дури без да користите интернет, тогаш ова е прават апликација за вас.
Сепак ништо не и фали на обичната апликација за мапи која е една од најкористените апликации за Андроид.
Користење на апликацијата додека немате интернет
Пред да тргнете на патување потребно е да ја пуштите апликацијата и да ја превземете картата за во случај кога ќе дојдете на место каде што нема да имате можност да користите интернет. Доколку ја имате картата тогаш само опцијата за GPS ќе ви биде од корист.
Памтење на дестинацијата на која патувате
Ако на пример стигнете во хотел каде што wifi сигналот е слаб или немате доволно меморија во телефонот да ја превземете мапата.
Доколку претходно сте го означиле патот на кој сакате да се движите, телефонот ќе го запамти, откако ќе снемате интернет апликацијата ќе продолжи да работи и да ве упати до дестинацијата. Кога повторно ќе се вклучите на интернет, погледајте го правецот за следната ваша дестинација со цел телефонот да ја запамти за во моментите кога ќе немате интернет.
Користете ја функцијата Мои Карти
Следен пат кога ќе ги прашате вашите пријатели на Фејсбук да ви дадат мислења за вашето следно патување, сите нивни одговори можете да ги внесете во посебна мапа со користење на функцијата Мои Карти. Можете да го означите местото за кое сакате да добиете мислења, секако во опцијата е вклучен и Инстаграм.
Споделете го вашето патување
Преку опцијата Мои Карти можете да ја споделите дестинацијата јавно до сите ваши пријатели. Затоа додадете ги вашите омилени дестинации и места и споделете ги јавно со вашите пријатели.