Канје Вест не сакал „толку брзо“ да има деца со Ким Кардашијан.
Ова го откри во интервју за диџеј Академикс кое беше емитувано на Икс.
„Не сакав да имам деца со оваа личност по првите два месеци од врската, но тоа не беше Божји план“, изјави раперот.
Тие делат четири деца, а ги добија ќерките Норт (11) и Чикаго (7) и синовите Сент (9) и Псалм (5).
А кога е во прашање изборот на Ким за партнерка, а потоа и за сопруга, раперот бил суров.
Го олабави јазикот.
„Тоа беше моја вина“, додаде Вест.
Тие беа во брак од 2014 до 2022. Ќе видиме како реалити ѕвездата ќе го коментира признанието на Канје.



