Каков би бил животот на Ким, Клои и Кортни Кардашијан доколку нивниот татко Роберт сe уште беше наоколу?
Ниту самите девојки не се премногу сигурни.
Во една епизода од реалното шоу „Keeping Up with the Kardashians“, сестрите ја одбележаа петгодишнината од создавањето на Центарот за поддршка на ракот на хранопроводникот.
Нивниот татко починал од оваа болест во 2003 година. Ким се присетила дека Роберт бил многу смешен, но признала и дека би бил доста лут за многу работи доколку е овде денес.
“Веќе ќе бев казнетa“, се пошегува реалити ѕвездата.
Клои се согласува.
„Сигурна сум дека тој веројатно нема да биде премногу воодушевен од некои од нашите лудории. Но, исто така мислам дека ако тој беше тука – веројатно ќе бевме различни во исто време“, продолжи Клои.
Кортни мисли дека Роберт би сакал да учествува во нивните реални шоуа.
„Тој би бил горд на семејствата што ги создадовме“, верува Кортни.
Сестрите се познати по прилично контроверзните љубовни врски и реалното шоу кое секогаш игра на картата на прекумерна провокација.



