Американската реалити ѕвезда Ким Кардашијан го привлече вниманието на многу корисници на социјалните мрежи откако позираше во предизвикувачко издание без долна облека.
Таа позираше додека избираше аутфит, а на неколку фотографии носи само топ од пердуви.
Реакциите се поделени.
Некои мислат дека претерала, додека други не гледаат ништо непристојно во нејзината голотија.
„Прекрасна си“, „Леле Ким“, „Какво тело“, „Без вкус“, „Мислам дека си на погрешна платформа. Овие фотографии се за OnlyFans“, се дел од коментарите.
Американските медиуми објавија дека Ким контактирала со Бјанка Ценсори по веста дека го откачила Канје Вест.
“Бјанка ја игнорираше Ким, но сепак и беше важно да и даде до знаење дека е тука за неа ако сака да разговара со некого. Ким мисли дека е единствената личност на светот која навистина знае низ што поминала Бјанка“, открил извор за Page Six.



