Досега уживавме да го гледаме овој глумец во комедии, трилери, романтични и акционени филмови, но сепак на Кијану Ривс најмногу му лежат улогите во научно фантастичните филмови. Поради тоа наскоро ќе можеме да го гледаме филмот под името “Replicas”.
Сеуште не се знае точен датум на премиерата, но сепак би требало тоа да биде до крајот на оваа година. Филмот е режиран од Џерифи Нахманоф, автор познат по своите сценарија кои беа во листата на топ филмови, како што се “Денот после утретото” и “Турист”.
Кијану Ривс ја има улогата неврологот Вилијам Фостер кој пробува да го премести човечкиот свет во компјутер. После трагичната случка во која неговиоте членови од фамилијата го загубија животот, тој ќе посака да им го клонира нивнотото тело, и да им го врати стариот живот.
Тој ќе се соочува со фактот дека ќе може само три члена од својата фамилија да ги поврати назад во живот. Пред него ќе се појават и личности кои ќе сакаат да го спречат тоа се лугето на државната лабаторија.
Споредни улоги во филмот “Replicas” се Алис Ив, Џон Ортиз и Томас Милдич.