За Александар Стевановски се зборува дека е човек што без вртење на муабет ќе ви каже се во лице,човек со искрена душа ,харизма и добар глас,исто така човек за кој долго време се пишуваше низ порталите за него.
Дефинитивно единствен дечко што ќе се памети долго што направил пресврт и гледаност во шоуто “Звездите на Гранд”

Го начекавме слободен па направивме едно кратко интервју
Кажи ни нешто повеќе за себе?
-Не знам што конкретно ве интересира, па ќе ви откријам некои факти за мене кои ќе ви го доловат мојот карактер одблизу. Не сум човек кој е изложен на пороци, не поднесувам алкохол и единствен порок ми се цигарите. Ако зборуваме за маните и доблестите, за доблестите нема да зборувам многу, само ќе кажам дека изневерувањето и нелојалноста не се одлика на мојот карактер, така да, ако имам избор спрема некој кој ми е близок да го изневерам или да направам нешто убаво пред целиот свет, јас би го направил тоа нешто без да калкулирам, а тоа нешто е она што е веќе одамна подзаборавено и во недоволни количини го сееме наоколу бидејќи сме гладни за сеир.
Зошто ја одбра оваа професија?
-Од мал покажував заинтересираност кон музиката, но не кон пеењето. Иако желбата ми беше да пеам, сепак бев повеќе насочен кон пишување песни и кон клавирот бидејќи мислев дека сепак не сум талентиран за пеење. Како одминуваше времето, се повеќе беше очигледно дека ќе се занимавам со музика, па кога наполнив 19 години всушност осетив чувство за ритам, трилер, а вибратото веќе ми беше вродено па само го усовршив. После тоа ја снимив првата песна чиј авторум сум самиот, па неколку настапи на фестивали и слично. Од самиот почеток наидов на потсмев и несериозност од страна на слушателите, но пред се на оние од мојата околина бидејќи се се случи наеднаш. Никој не ни знаеше дека пеам, а јас веќе снимив неколку песни и тука се направи целата збрка која до ден денес ме прати и ми се одразува во негативна конотација.
Кажи ни кои се твоите најголеми слабости?
-Слабости кај мене има повеќе, а тоа е најверојатно така бидејќи не сум злопамтило и не сум човек со цврсто решителни ставови и чувства кон некои луѓе кои ми значат, па тоа често знае да ме доведе пред искушение кога ќе речам дека никогаш повеќе нема да направам нешто добро за некоја личност, а веќе утрешниот ден сум поблизок од било кога. Многу брзо и силно се врзувам за личности, дури и за некои кои знам дека носат само штета за мене. Слаб сум и на релацијата со дволичност. Не трпам дволични, а денес светот е полн со нив па често избрзува и без да избројам до три, пукам со сите аршини и оставам погрешна слика во јавноста за себе.
До каде си со љубовта?
-Со љубовта сеуште не сум на вистинскиот пат бидејќи сум во завршна фаза на преболување на една веќе позната љубов наречена Бојана. Да сумираме. Бојана е вистина, постои, и може длабоко во мене сеуште живее, но тоа што се случи на Ѕвездите на Гранд беше само добро испланирана тактика како да се остави впечаток кој ќе биде поразличен од досегашните натпреварувачи. Го направив, и ми успеа замислата, и засега не можам да се пофалам со позитивни ефекти но најважно е што народот веќе ме познава, за да се собере плодот од замислата и издржаноста на двегодишно линчување од нашиот народ, потребна е само добра песна и се ќе се смени во позитивна конотација. Кога имаш име и добра реклама, веќе си неколку чекори пред другите. За Сања само кратко ќе кажам дека не ја ни познавам многу, само два пати се имаме сретнато, и ја претставив како моја нова девоја со сериозна шестмесечна врска само за да ја спуштам топката, да престанат да гледаат разочаран љубовник во мене, туку мудар натпреварувач кој благодарение на нив успеал да прескокне некое скалило. За сериозна врска сеуште сум отворен за предлози.
Што е твоја најголема желба ?
-Речиси и да немам неостварени желби, толку млад а веќе се остварено. Прва желба ми беше да имам своја песна, за подоцна да ми се остварижелбата да го запознаам мојот идол Шабан Шаулиќ, тие желби се веќе одамна остварени. Се што замислив остварив, а се бројат денови до остварување и на таа која ми е најдрага а е во фаза на реализација. Како што сите знаете Ѓоко Јовиќ ми е број еден пејач во животот, и никогаш не се надевав иако посакував дека еден ден ќе отпее мој текст. Но ете, блиското пријателство со него, довербата и квалитетот на моите текстови вродија со плод, а песната е веќе снимена па се чека нејзино обелоденување. На таа соработка сум премногу горд.
За тебе повеќе се дозна повеќе откако беше на Гранд ,но ти беше два пати досега,раскажи ни го своето искуство од таму,какво е чуството да си на бината кога знаеш дека те гледа цела Европа и надвор од неа?
-Би сакал да можев да го опишам чувството кога ќе застанеш на толкава сцена прет 15 милиони народ и пред такво еминентно жири, но за тоа не постојат зборови. Доживеале само оние кои се натпреварувале.
Како реагираат девојките на тебе,те препознаваат низ град ?
-Искрено, ќе бидам нескромен и ќе кажам дека сум на вистинскиот пат бидејќи буквално секаде ме препознаваат, може веќе се навикнати и се е спласнато па малку поретко ми приоѓаат, но сеуште ме паметат. Еве ви една анегдота на кратко. Во Македонска Каменица која е на крајот на светот од Македонија, во дискотека бев со друштво и по нас излегоа околу дваесет девојки прашувајќи ме дали сум јас Александар. Низ шала им реков дека не сум, и тргнавме со друштвото накај кола. Девојките ме влечеа со сила за јакна за да се сликаат, и нормално се сликав, ги испочитував сите.
Многу често на тапет ја прозиваш Јелена Карлеуша,што најмногу ти пречи кај неа?
–Карлеуша ја ставам на тапет заради другите натпреварувачи. Таа нема доволно нерви за да успее да ме навреди мене бидејќи сум опериран од срам и од фијаското „што ќе речат другите“. Сметам дека има најмалку право на потсмевање со кандидатите бидејќи е најслаб вокал од целото жири, и бидејќи знае како е да бидеш линчуван од малите екрани на кои со години се немаше појавено. Не ми смета што ме навредува мене, ми смета што заради нејзе се откажале далеку подобри од мене.
Во последно време се слуша наоколу дека почнуваш да компонираш музика дали е тоа вистина?
-Музика за своите колеги компонирам веќе три години но не многу активно и истакнато, иако се работи за познати бендови сепак компонирањето го ставав во втор план. Досега имам напишано околу 3.000 текстови и не застанувам тука.
Во иднина што да очекуваме од тебе,дали ќе продолжиш да снимаш песни?
-Спремам неколку песни во блиска иднина но чекам слободно време за снимање и вистински момент за промовирање, бидејќи како што кажав, името сите ми го знаат низ Балканот, сега е моментот вистински да се искористи и да се пласира добра и квалитетна песна на публиката.
И за крај ,кажи ни што ќе се слави денес ? Св.Валентин или Св.Трифун?
-Јас славам 5 години кариера бидејќи првата песна официјално излезе на 14 фебруари
а и таман се совпаѓа, бидејќи не пијам ,немам ни имам женска.
Во продолжение слушнете ја прекрасната изведба негова




