Александра Пријовиќ и Филип Живиновиќ ќе стапат во брак на 21 јуни, најсреќна особа е Лепа Брена која истотака посакува едно бебенце да се најде во нивниот среќен дом.
Младенците ја известиле својата фамилија дека се вериле и закажале венчање, Брена и Боба пресреќни со солзи на своите очи. Од тој ден во куќата на Живиновиќ се зборува за идниот внук на Брена.
Иако бебето сеуште не е во план, Брена и Зорица мајката на Филип, заедно почнале да смислуваат име за идниот внук. Двете силно сакаат Александра да им донесе внука во домот, а Боба, Стефан и Виктор сакаат машко бебе.
Одвај чекам да станам баба! Имаме желби и кога станува збор за полот на бебето, ами ќе биде како што бог ќе каже. Сите учествуваме во припремите за венчањето. Александра многу ја сакаме” – Изјави Лепа Брена




