Дали сте некогаш помислиле дека некое дете е глупаво бидејќи има лоши оценки ? Дали вашето дете сте му викале кога на тестовите не биле добри ? Поврзување на лошиот успех на училиште и лошото мислење за детето е многу распространето и многу голем број на луѓе многу брзо забораваат на едноставна работа,а тоа е дека оценките не го дефинираат детето како личност.

Секое дете вреди,и тоа многу! Секако,секое е различно и има различни вештини и способности. Исто така,секое дете поседува свој ритам на учење. Ако детето се дефинира како личност спрема неговите оценки тоа е голема грешка,и може да влијае на детето и врз неговата самодоверба. Ќе се чуствува невредно,дискриминирано,и од страна на учителите,другарите пред се и од своите родители.
Секој родител кој го притиска своето дете да донесе по секоја цена висока оценка,може да нанесе штета и болка. Наместо да даваат поддршка на децата кои наидуваат на потешко,тие уште повеќе ги потиснуваат.
Дете кое добива лоши оценки по некој предмет не е глупаво. Едноставно некои деца полесно совладуваат одредени предмети,а други потешко.
Тоа е потполно нормално,а неуспех може да зависи од различни фактори. На пр.дете може да има лоши оценки од некој предмет поради начинот на предавање кој не е соодветен за неговиот стил на учење.
Можеби детето споро созрева и едноставно не е спремно да свати баш се. Баш од овие причини е многу важно,родителите да го запознаат добро своето дете и да не го притискаат со оцените.
Запамтете,зборовите од типот “глупав,или неспособен” во врска со лошите оценки само прават штета и го повредуваат,неговата самодоверба и сигурност. Не треба да се удира,вика,или притиска додатно детето поради лошите оцени.
Ако вашето дете бавно учи,помогнете му да оди по своите чекори,полека. Поддржете го кога му е потребна поддршка. Не е потребно неговите моментални оценки да станат негова судбина,и кроз тоа добивање на книшка да стани ноќен кошмар.

Детето не треба да се чувствува лошо.
Почнете така што ќе му помогните со предметите со кои има проблем. Тоа значи заедно ќе размислувате додека тоа пишува домашна се разбира ќе му помагате со објаснувања.
Имајте на памет дека учењето може да биди забавно,на пр. уклучете аудиовизуелен материјал досега се има покажано како многу корисно за пренесување на знаење на деца.
Мотивирајте,направете да се чувствува дека може се да научи. Верувајте во своето дете и прославувајте ги малите успеси.
Имајте многу трпение,и истрајност и избегнувајте да ги пишувате вие задачите на детето бидејќи тоа носи повеќе штета отколку корист,единствено детето што треба да научи е само со ваша помош,
Ако мислите дека зад лошите оценки се крие некој проблем на училиште,или недостаток на внимание пробајте разговарајте со учителите. Заедно ќе процените дали е потребно да се консултирате со педагог.
Овие неколку предлози се доказ дека постои многу прави начини,како да се реагира на вест за лоши оцени.
Ако изберете да реагирате на негативен начин само ќе наштетите на детето и додатно ќе се влошат оцените. Дали тоа ви е цел ?



