Меган Маркл се осврна на својот спонтан абортус од 2020 година во најновата епизода од подкастот „Confessions“.
Војвотката од Сасекс (43) покрена болна тема.
„Мислам дека на паралелен начин, мора да научиш да се откажеш од нешто што носело толку многу ветување и надеж. Мора да бидеш во ред во одреден момент, да се откажеш од нешто што долго време си планирал да го сакаш“, рече Меган.
Во тоа време, таа веќе беше мајка на син, принцот Арчи.
Маркл напиша емотивен есеј за „Њујорк тајмс“ во ноември 2020 година за спонтаниот абортус што го доживеа четири месеци претходно.
„Губењето дете значи носење речиси неподнослива тага, која многумина ја доживуваат, но за која малкумина зборуваат“, напиша таа во тоа време.
Две години подоцна, принцот Хари зборуваше за спонтаниот абортус на неговата сопруга во нивната документарна серија „Хари и Меган“ на Нетфликс.
Тој ги обвини таблоидите за спонтаниот абортус, велејќи дека Маркл доживеала стрес и лишување од сон за време на судската постапка против Дејли Меил.
Две години подоцна, двојката ја доби ќерката, принцезата Лилибет.
Хари и Маркл се венчаа во мај 2018 година.



