Меган Маркл зборува за предизвиците на мајчинството, вклучувајќи го и нејзиното искуство со постпартална прееклампсија, во деби епизодата на новиот подкаст.
Војвотката од Сасекс (43) започна нова сезона на подкаст.
За деликатната страна на животот зборувала и со нејзината блиска пријателка Витни Волф Херд.
Тие доживеале постпартална прееклампсија, ретка и потенцијално опасна состојба која се карактеризира со висок крвен притисок и вишок протеини во урината веднаш по породувањето.
„Имавме многу слични искуства, иако не се познававме во тоа време, со постпарталниот период, ние имавме прееклампсија. Постпартална прееклампсија“, сподели Меган.
Таа не појасни дали оваа состојба настанала по раѓањето на нејзиниот син, принцот Арчи (5) или ќерката – принцезата Лилибет (3).
Волф Херд во меѓувреме роди два сина.
„Тоа е толку ретко и толку страшно. И се уште се обидувате да жонглирате со сите овие работи, а светот не знае што се случува. И тивко, сè уште се обидувате да им излезете во пресрет на луѓето – главно на вашите деца – но тие работи се огромни здравствени стравови“, откри Меган.



