Холивудската актерка Меган Фокс го роди своето четврто дете, прво со бившиот партнер Машинџер Кели.
“Конечно е тука! Нашето мало небесно семе”, напиша Машин Ган Кели на Инстаграм, откривајќи дека добиле девојче.
Шпекулациите за нејзината бременост почнаа уште во јули, но Меган Фокс вешто ја криеше бременоста неколку месеци, се до ноември кога објави многу емотивна порака и го покажа трудничкиот стомак. Оттогаш таа не се појавила во јавноста.
Таа има турбулентно минато со контроверзниот рапер, а раскинувањето се случи уште пред да се открие дека чекаат дете, па многу луѓе сега не се сигурни дали славниот пар се смирил и ги закопал секирите поради доаѓањето на бебето.
Тие се запознале на снимањето на филмот „Midnight in the Switchgrass“ во 2020 година и набргу потоа се вериле.
Меган Фокс има три деца со поранешниот сопруг Брајан Остин Грин. Тие се разведоа во мај 2020 година, по десет години брак.



