Ева Мендес се сеќава на својот постар брат и тагува.
Имено, вчера 51-годишната актерка објави неколку емотивни слики на својот Инстаграм профил.
Тоа го направила по повод одбележувањето на денот кога се родил нејзиниот покоен брат Карлос.
Ќе наполнеше 62 години.
“Мојот голем брат. Тој во костум – јас во пижами. Ова е една од моите омилени заеднички слики”, пишува во описот.
Карлос почина од рак на 53-годишна возраст во 2016 година.
Мендес (51) ги дели ќерките Есмералда (10) и Амада (8) со Рајан Гослинг (44).
Амада секогаш ќе ја потсетува на нејзиниот брат.
„Помалку од две недели по погребот, го родив моето второ бебе“, се присети Ева претходно.



