Лионел Меси вечерва нема да присуствува на важната утакмица на неговиот тим, причината е оправдана.

Oд Барселона изјавиле дека славниот спортист нема да присуствува на оваа утакмица поради новородениот син Чиро.
Како што пишуваат шпанските медиуми, неговата сопруга Антонела Рокуко на светот го донела наследникот во раните утрински часови.
Името на детето е одбрано од страна на Лионел и Антонела поради што двајцата ја сакаат музиката на пејачот Хорасија Демијана Пертузија, кој е познат по прекарот Чиро.
Ова е третото дете на среќниот пар кој пред пет години го доби својот син Тијаго, а пред две Матеа.
Фудбалерот и оваа лепотица се заедно уште од 2008 година, додека во брак стапија минатата година.



