Кеси Хатавеј од Северна Каролина после непријатната авантура во шумата му раскажал се на шерифот кој му помогнал.
Спасителите го пронашле Кеси во околината Кравен,во близина на местото каде што исчезнал од куќата кај својата баба.
Тој исчезнал во вторникот додека температурите биле ниски,а потрагата за него биле откажани поради големите дождови и ветрови.
Кеси го пронашле случајно еден човек слушнал како дете плачи и ја бара мајка.
Шерифот на околината Кравен, Чип изјавил за локалната телевизија VCTI:
“Не објасна многу како бил во состојба да преживее,како успеал. Рече дека има пријател во шумата кој е мечка и бил цело време со него.”
Северна Каролина е опкружена со црни мечки,кои не се агресивни спрема луѓето.