Еден од туристите кој престојувал во рускиот град Уфа, останал шокиран кога поминал покрај гробишта и наишол на чуден споменик во облик на Ајфон. Сепак станува збор за гроб кој припаѓа на починатата девојка Рита Шамевој која во 2016 починала со возраст од 26 години.
На предната страна на споменикот се наоѓа нејзината слика, додека позади стои логото на Епл. Како што опишал туристот споменикот е идентичен на правиот Ајфон, само во поголема верзија.
Надгробниот споменик е подигнат оваа година и истиот е финансиран од нејзиниот татко.
Локална фирма која изработува надгобрни споменици негирала дека е нивна изработка, па се претпоставува дека споменикот е направен од сибирска компанија која изработува поинакви споменици и на тој начин ги привлекува купувачите.



