НАСА забележила голем број на камења на Марс кои личат на структурите кои се создадени во Велика Британија и во Европа уште од праисториското време.
Во близина на северниот пол, црвената планета научниците идентификувале голем број на карпи наредени во еден ред во вид на лента. Сепак НАСА не верува дека е збор за вонземјански структури.
“Што може да направи ваква структура? Во Арктикот на Земјата, карпите се организирани со посебен процес. Повеќекратното замрзнување и одмрзнување на почвата може да ги скрши карпите на површината и да ги организира во купови, ленти или дури и кругови. На Земјата, еден од овие температурни циклуси трае една година, но на Марс може да трае многу подолго.” – Изјавуваат од НАСА