Населението во шпанскиот град Виго, живее во страв од еден пензионер – вандал, кој им ги гребе автомобилите со клуч или монети, додека бравите им ги полни со чечкалици.
Хосе Антонио (79), минатата година направил штета на повеќе од 1000 автомобили.
Вандалот кој прави вакви вакви работи најчесто се крие или е маскиран, додека пензионерот Хосе не е. Во сред ден, не се замара дали има сведоци, тој ги уништува автомобилите кои ќе му дојдат при рака, со својот стап удира по сите оние кои ќе пробаат да го сопрат.
За еден месец во 2019 успеал да изгребе околу 120 автомобили.
Хосе по барање на локалната полиција отишол на психијатар, но не е потврдено дека има пореметување и по три дена поминати во ментална установа е пуштен на слобода.
Стручнаците сметаат дека овој антисоцијалиста со својот однос има недостаток на емпатија.
“Он не е болен, он е само злобен и бесен на овој свет” – изјавил полицискиот експерт во локалниот град Глас Галиција и оценил дека Хосе е многу тврдоглав.
Вандал – пензионер е приведен многу пати поради материјални и физички напади. Населението на Вига залепило плакати на сите објекти со неговиот лик, тие се плашат да ги остават своите возила надвор.
Полицијата тврди дека неможе да го сопре Хосе Антонио, затоа што тој откако ќе излезе од притвор, “злобниот пензионер Хосе” продолжува од каде што сопрел.