Jeff Bezos,основач на Амазон,прв милијардер чие богатство премина 100милијарди долари,покажа листата на Форбс за најбогати луѓе.
Роден е 1964 год. неговата мајка тогашна тинејџерка,откако родила по една година се разделила од неговиот татко и се премажила за кубански имигрант.
Од мали нозе,покажувал интересирање за електроника,па во семејната гаража го поминувал своето време правејќи нешто. Во тинејџерските години се преселил кај својот татко во Мајами каде што уште повеќе се развила неговата љубов за компјутерите,во средно училиште се запишал на летен камп за обука за млади ученици.
Само што дипломирал за електро инжинер во 1986год. се вработил во Вол Стрит. За брзо време станал и потпретседател на фирма за инвестиции каде што ја запознал својата сопруга Mekenzi.
Важен чекор во неговата кариера направил во 1994год. кога ја напушта својата сигурна и успешна работа,и се сели во Сијетл каде што ја започнува својата прва интернет книжара. Канцеларија направил во својата гаража,каде што со првите вработени почнал да развива софтвер. Работата толку добро течела што набрзо се прошириле низ цела куќа и го оформиле Амазон во 1995год.
Но работата со Амазон не почнала одма одлично,првите шест години тој одвај опстојувал финансиски,земал кредити и одвај врзувал крај со крај,сепак не сакал да се откажи од својот сон,што на крај му се исплатило,бидејќи Амазон станала водечка компанија не само за продажба на книги,-на се.
Интересен податок и ден денес, е дека најбогатиот човек на светот,наместо столица,користи врата со дрвени ногарки.
Кога го почнал Амазон со малку пари кои ги заштедиле неговите родители,направил сам за себе и неговите работници од користени врати,-столици и фиксирал дрвени ногарки.
Иако приватниот живот го крие од јавноста,во едно интервју откри дека никогаш не се откажува од спиење и секогаш гледа да спие најмалце осум сати,и нормално се буди без аларм.
Секое утро има ритуал: Заеднички појадок со својата сопруга. Секогаш напоменувал дека утринските саати се секогаш резервирани за семејството,и никогаш не сакал да закажува деловни состаноци рано наутро.
Генерално,признал дека не сака состаноци,па така во просек со инвеститорите на Амазон разговара само 6 часа годишно. Изјавил дека и дома после вечера редовно ги мие садовите,и се нашалил и рекол дека тоа е супер и секси работа.
Кога се запознал со неговата сегашна сопруга,таа била истражувач,а тој потпретседател,и дошла на интервју за работа.
Тој обожава на својата сопруга да и приредува изненадувања со поклони,па често и купува облека.
“Понекогаш и се јавувам и ја прашувам кој број носиш на тоа и тоа,а таа прашува зоштo? Јас и кажувам тоа тебе не те интересира,а тоа секогаш ја насмевнува”.