Ви преставуваме рецепта за најбрз колач за кој не ви треба ни грам брашно.
Состојки:
- 4 јајца
- 1 чаша од јогург со мелени ореви
- 1 чаша гриз
- 1 прашок за пецива
- 200-300 грама шеќер
- 2 рендани јаболка
- малку цимет
- 1 ванилин шеќер
- 200мл јогурт
- 50мл зејтин
Готвење:
Јајцата заедно со шеќерот се матат со миксер, потоа се додаваат ренданите јаболка и сите останати состојки, пополека се мешаат .
Одозгора можете да ставите една рака сецкани ореви. Се пече 40 минути на 200 степени, на половина да биде покриено со фолија. Откако ќе е готово се остава да се олади и потоа се јаде.



