Колумбијката Софија Вергара (52) и 12 години помладиот Луис Хамилтон повеќе не се заедно, веста ја пренесоа бројни странски медиуми.
Тие беа видени заедно во јануари оваа година, што предизвика гласини за наводна романса. Но, за сето ова време тие не ја објавија својата врска ниту беа заедно на некој јавен настан.
Според изворите, на нивната љубов и дојде крајот.
И покрај тоа што Софија била убедена дека тој е совршено момче и наводно била подготвена нивната врска да се развива посериозно, интересот на Хамилтон исчезнал.
Поради сето ова Вергара се чувствувала осамено и сфатила дека е најдобро да ја прекине врската.
Веста за нивната врска прв ја објави TMZ, кога беа фотографирани пред ресторан во Њујорк и, како што се пишуваше, беа маѓепсани еден со друг.
Софија Вергара се разведе од Џо Манганиело по седум години брак, а потоа накратко се забавуваше со хирург, додека Луис Хамилтон претходно беше во врска со Никол Шерцингер, а се поврзуваше и со Џиџи Хадид, Ријана и Шакира.



