Светлана Цеца Ражнатовиќ нема така наскоро да издаде нов албум, иако публиката тоа го очекуваше.
„Веќе имам шест-седум песни, не броев… Верувам во моите автори, тоа се Драган Брајовиќ и Дејан Костиќ. Се што сум слушнала до сега ми се допаѓа, а некако ми е напишано“, изјави Цеца.
Сепак, потоа пристигна ладен туш за навивачите.
На пејачката не и се допаѓа атмосферата во Србија и смета дека не е време за музички проекти.
„Албумот нема да биде наскоро, едноставно затоа што не ми се допаѓа атмосферата во која живееме, мислам дека не е момент за некои големи проекти. Свесни сме што ни се случува на улиците, мостовите. Навистина не можам да славам, а некој е тажен и несреќен. Сигурно не ми паѓа на памет да направам нешто такво, ниту пак сум додала нешто слично во времето.
Таа претходно ја информираше публиката дека планираниот концерт на “Ушќе” нема да се одржи, бидејќи не добила одобрение од надлежните за споменатата локација и соодветни дозволи.



