Со време,на секого може да му се случи луѓето кои не опкружуваат да станат досадни. Што повеќе,сами на себе ни е досадно. Сепак кога се во прашање романтичните врски,овој проблем не би требало да се игнорира и да се очекува да исчезни сам од себе.
- Тој живее во моментот. Тој очигледно не прави планови за вас ни за блиска иднина.

- Таа не се грижи за времето. Нормално е да касни 5/10мин,но често ако се случува значи не е заинтересирана.

- Го нема по неколку саати да се јави. Ако е на работно место оправдано,но доколку е излезен некаде,и го нема тогаш нешто не е во ред.

- Почнува да крие и најобични работи. Гледате филм заедно,а на неа/него звони телефон.

- Не се грижи за празниците. Нова година,8 март,Ден на вљубените итн,тие денови за него се небитни а тој има изговор.

- Не сака да комуницира со пријателите.

- За сите неуспеси на работа,ги криви сите освен себе. Може да ве криви и вас иако немате врска со работното место негово.

- Престанала да се грижи.

- Тој воопшто не е одговорен. Тоа е доволен знак дека е детинест,време е да размислувате за семејство,а него го интересираат само игрите,треба да се преиспитате дали сакате да продолжите заедно.

- Некогаш силно ве прегрнуваше,а сега ве одбегнува. И кога ќе успеете да го прегрните тој не ви возраќа. Ако сте ги приметиле тие знаци,размислете што можете да промените. Врските се тешки и бараат труд од двете страни,но сепак се вреди за трудот.



