Бразилската убавина Александра Амбросио ја информираше јавноста дека се пензионира и повеќе нема да биде дел од ангелите на Викторија.

Моделот Александра Амбросио со луксузната долна облека на Викторија Сикрет работи од 2000 година кога ги носеше нивните модели на првата ревија.
Оваа година таа одеше по модна писта во Шангај, и никој не можеше да претпостави дека убавата бринета ќе ги остави нејзините крилја засекогаш.
Супермоделот ги информираше своите фанови на Instagram дека ќе се пензионира и повеќе нема да соработува со познатиот бренд.
“Нема зборови што можам да ги опишам колку сум благодарна на Викторија Сикрет што ме инспирира мене и многу жени ширум светот. Ни во моите соништа не би можела да замислам дека ќе направам 17 модни ревии за Викторија Сикрет” нејзината порака беше објавена.
Александра, која наполни 36 години оваа година, планира да се посвети на своето семејство, особено на нејзината ќерка и син .
Познато е дека моделот планира да започне да се занимава сериозно со глума, а моментално го снима филмот “Daddy’s home 2”.




