Ова е Рајан детето кое на своите седум години има огромна популарност и огромна заработка преку Јутуб поради неговите рецензии за разни играчки. Оваа година има неверојатна заработка од 22 милиони долари.
Видеата во кои прави рецензија на разни играчки достигнуваат милиони прегледи дневно.
Кога еден новинар од АБЦ го повикал Рајан на интервју и на едно од поставените прашања “Зошто децаат многу ги сакаат неговите видео клипови?” на тоа Рајан одговорил “Затоа што сум забавен и смешен”.
Walmart во август почна да продава и екслузивни детски играчки и облека на која е го има логото на Рајан.
Бидејки Рајан е сеуште малолетен, 15% од неговата заработка иде на трансакциска сметка, која ќе има право да ја користи кога ќе биде полнолетен.



