Бобби Гордон од Велика Британија била вознемирена откако на нејзината сметка видела дека онлајн продавницата и наплатила 1000 евра за една обична банана.
Гордон порачувала храна многу пати по електронски пат, преку користење на интернет продавницата за храна ASDA, но откако видела дека една обична банана е наплатена по цена од 1000 евра се шокирала. Начелно, ASDA и наплатиле 1000 евра за една банана.
@AsdaServiceTeam @BBCNottingham My online delivery arrived. I’ve been charged £930.11 for 1 banana? I am going to be pretty livid if my card has been charged over £1k that my delivery note states!?! #asda #wtf #nottingham pic.twitter.com/czeUOxAUpR
— Bobbie Gordon (@bobbiesgordon) April 17, 2018
Иако помислила дека се работи за грешка, Бобби примила порака од банката во која било ивестено дека откриле превара и дека некој пробал да и наплати голем износ.
“И реков на својата седумгодишна ќерка да ужива и да ја цени оваа банана”, изјавила Бобби.
Во меѓувреме се огласила и самата продавница со големо извинување поради настаната “компјутерска грешка”.
“Иако нашите банани се одлични, сепак и ние се сложуваме дека тие не вредат толку и дека се случила грешка од наша страна. И се заблагодаруваме на госпогицата Гордон што ни ја прикажала оваа грешка. Сеуште истражуваме како се случило ова и напорно работиме да не се повтори во иднина” – изјавил потпаролот на ASDA