Станува збор за телефон кој е рачно изработен од страна на француска фирма наречена Хадоро, која со помош на кожа од алигатор прави рачна изработка на телефони.
Хадоро е фирма која поседува лиценца за откуп на алигаторска кожа од Америка, притоа истата се доставува во Франција каде рачно се преработува и се користи за телефони.
Хадоро е позната по моделите на iPhone, конечно можеме да видиме дека и фановите на Андроид телефоните кои сакаат “алигаторски телефон” ќе можат да добијат.
Повеќе модели се достапни и се рачно изработени од Хадоро, со почетна цена од 4000 евра.
Погледнете го видеото на кое познатиот Јутубер “Unbox Therapy” ја имаше оваа можност да го претстави овој модел.



