Еден фармер од Индија направи голема забуна во светот, со тоа што како свој бог го почитува Доналд Трамп.
Станува збор за Буса Криш кој пред три години осетил нешто посебно кај Доналд Трамп. Најмногу му се допаднала компаниајта на Трамп која ветувала “дека Америка ќе ја направи голема”.
Иако членовите на неговата фамилија и пријателите го советувале да оди да побара помош од психијатар, затоа што помислиле дека нивниот Буса имал проблем, фармерот никако неможе да се отргне од почита која ја има спрема Доналд Трамп.
Фармерот направил и храм за Доналд Трамп, како би му ја докажал својата посветеност, направил и Фејсбук страница на која објавува фотографии и сники каде ги прикажува своите верски ритуали.
Каде и да отиде, Буса со себе носи фотографија од америчкиот претседател Доналд Трамп.



