Дијана Ринго (39), која живее во Сан Диего, мајка на три деца носи 23-часовен корсет за половината да биде секогаш 46 сантиметри. Оваа комплицирана облека, Дијана ја отстранува само кога се тушира или тренира.

Дијана работела како шеф во американската морнарица девет години,корсетот почнала да го користи пред три години, само што ги родила нејзините близнаци.
Наместо да ја врати фигурата на диета и вежбање, Дијана одлучила на помалку “болен начин” да ослаби – носејќи го корсетот цел ден.
“Кога носам корсет, се чувствувам толку секси. Не бев среќна со моето тело, бидејќи бев дебела. Не е во ред да се биде дебела, но мојата дебелина не е женска. Изгледав како човек и не ми се допадна таа форма “, рече Дијана, која сега има 45 корсети во нејзиниот плакар,кој чинеле околу 1955 долари.
Нејзиниот сопруг, Брет Ринго (33), американски поморски офицер, првично бил загрижен, но подоцна се навикнал на него дури сега му се допаѓа изгледот нејзин и тој и е најголема поддршка.

“Јас постојано носам корсети, и кога сме сопругот и јас интимни. Некои луѓе ме гледаат и ме исмеваат. Некои мислат дека не сум добар пример за нивните деца. Сепак, мојата работа е тоа како јас ќе се носам”, вели Дијана.
“Можам нормално да дишам. Не планирам да ги извадам ребрата. Носењето ми е важно затоа што се чувствувам добро “, додаде Дијана на крајот од интервјуто.




