Иако сметаме дека надградбата на ноктите е безопасна, кај оваа жена од Велс се покажа спротивното.

Лаурелин Вилсон ја доживеа оваа лекција на тежок начин, откако буквално можеше да остане без својот палец по непријатна инфекција поради лепењето на надградбата.
Оваа мајка на четири деца, како и секогаш, отишлс во локалниот салон за надградба. Сепак, по два дена таа почувствувала дека палецот пулсирал на левата рака, а потоа болката постепено се зголемувала и таа морала да оди кај докторот кој итно ја испратил по испитувањето во салонот за да ја отстранат нејзината надградба.
Publié par Lowrianne Wilson sur lundi 29 Janvier 2018
“Отидов во салонот, но тие одбија да ги извадат ноктите и на крај морав да одам во болница за операција. Инфекцијата беше толку одвратна што мораа да го исчистат моето ткиво на моите нокти”, рече таа.



