Џенифер Анистон и Педро Паскал го запалија интернетот кога изминатиот викенд се појавија фотографии од нивна заедничка вечера во Западен Холивуд, Калифорнија.
Вечерата траеше три часа, а потоа актерите поминаа извесно време разговарајќи надвор од ресторанот.
Тие беа расположени и насмеани, па веднаш се појавија гласини дека можеби се во романтична врска.
Сега е откриена вистината за нивната наводна врска.
„Нема романса меѓу Џенифер Анистон и Педро Паскал“, ексклузивно раскажува добро упатен инсајдер за американскиот портал Пејџ Сикс.
„Тие меѓусебно се почитуваат како уметници, но тоа е строго платонско и тие не се забавуваат“, тврди изворот.



