Селото Пачир или Пачирска Бања како што се нарекува поради лековитата термална вода е чудо во Србија. Ова вештачко езеро, кое се наоѓа на половина пат меѓу Нови Сад и Суботица, сè повеќе ги привлекува локалните жители, но и туристите поради својата уникатна розова боја.
Езерската вода доаѓа од длабочина од 1400 метри. На патот наидува на различни слоеви карпи што го прави богат со минерали. Температурата на термалната вода е 72 степени, поради што се меша со бунарот со цел да се олади и да се спушти на пријатни 30 степени. Покрај минерали, езерото е богато со соли, што ја прави водата солена.
Тајната на розовата боја е всушност последица на високата концентрација на јод, литиум и бром, поради што водата има необичен мирис, но е „отпорна“ на несаканите бактерии. Оваа лековита вода помага во одржување на здравјето, особено во подобрувањето на имунитетот. Пливањето во езерото придонесува за лекување на кожни болести, ревматизам и спортски повреди. Сепак, не е препорачливо да останете во вода подолго од 20 до 30 минути на еден влез.
Задоволството од посета на ова уникатно езеро ќе чини 300 динари за возрасни и 200 за деца. Oтворен од 10:00 до 19:00 часот.