Познатиот пејач вчера преку својот Инстаграм профил сподели нови фотографии, а промената на стилот ги изненади неговите обожаватели.
Можете ли да го препознаете?
Имено, за потребите на снимањето на спотот на новата песна, британскиот пејач се откажа од својот препознатлив изглед и се одлучи за таканаречениот емо изглед.
Се работи за Ед Ширан.
Во објава на Инстаграм објави серија фотографии кои го одбележаа снимањето на спотот за песната „Азизам“ и ги замоли своите следбеници да изберат кое од неговите изданија најмногу им се допаѓа.
Ширан за оваа пригода облече црна облека, а својата препознатлива портокалова коса ја покри со црна перика и капа. Дури доби и пирсинг на усните.
За една од неговите фотографии во емо изданието, Ед напиша дека имал ваква фотографија на Мајспејс како 14-годишник.
„Емо Ед ми е омилен Ед“, „Набарај пирсинг на усните“, „Го сакам новиот изглед“, „Крал на селфи“, „Ти ме исплаши“, „Преслатко“, „Толку различни личности во една објава“, беа дел од коментарите.



