Актерот Кристофер Ламберт е хоспитализиран откако паднал наназад во хотел.
Актерот добитник на Цезар – кој наполни 68 години овој месец – беше на физикална терапија за да се врати во форма за неговиот следен проект Tulipomania, изјави неговиот претставник Лукас Конфортини за TMZ.
Кристофер требаше да се појави на шведскиот конгрес во Јонкопинг, а тие преку Фејсбук им тврдеа на присутните дека неговата несреќа е „сериозна“.
Имено, актерот се здобил со тешка повреда на грбот откако паднал по скали во хотелот во кој престојувал.
Американскиот актер со француско потекло светската слава ја стекна со улогата во филмот „Хајлендер“.
Тој исто така одигра забележителна улога во филмот „Ловец“, каде што се појавува покрај неговата поранешна сопруга Дајан Лејн, со која ја има ќерката Елеонор.
Пред 14 години се појави во филмот „Ghost Rider: Spirit of Vengeance“, а во 2016 година играше улога во комедијата „Hail, Caesar!“. Во 2018 година следуваше улога во филмот „Сенка на волкот“.



