Секогаш кога патуваме со авион, пред самото полетување не известуваат дека треба да ги исклучиме нашите мобилни телефони или да ги ставиме на авионски режим.
Никита Шмит, е пилот на приватни летови, и објасни дека телефонот кој не е исклучен или не е на авионски режим прави непријатен звук на аудио системите.
“Фреквенцијата на телефоните може да биде премногу силна, некогаш и до 8W. Доколку вашиот телефон не биде на авионски режим, тогаш тој ќе пречи на пилотите и контролерите на летовите.” – Изјави Шмит.
Дали би сакале човекот што цело време ве вози низ облаци да му пречи иритирачки звук.
“И јас имам слушнато многу пати силна бучава. Не е многу опасно но може да го вознемири пилотот. Секако и лицата со кои контактираме тоа се контролерите на летот. Замислете 50 луѓе да не го стават својот телефон на авионски режим тоа значи 50 телефона ќе бараат мрежа, тоа е огромно радиациско загадување.” – Додаде Шмит
Би требало сите да го почитуваат ова правило со тоа што ќе покажат и почит спрема луѓето кои ја вршат својата работа и се трудат безбедно да стигнат до дестинацијата.



