Прочитај ја тато,пораката моја,душава ми е празна,и среќна не сум без љубовта твоја.
Чувај ме тато,во спомените,во прегратките најблиску до срцето твое. Секогаш се прашувам,зошто те барам и не те мразам. Со мама сум среќна а за тебе страдам.
Колку е тешко,тешко претешко,жив татко да имам,а сирак да бидам,да нема на кого тато да кажам.
6 години тато не сум те видела неможам да издржам веќе се гушам.
Ми иди силно да викам! Мојот тажен детски глас да се чуе до небото горе,да стигне до некоја планета.
Можеби тато ќе ме слушне,и во мојот дом ќе долета,во моето срце радост ќе процвета,и сета моја тага ќе се претвори во среќа!
Од дневникот на едно мало девојче кое прерасна во голема девојка и сеуште страда по татковска љубов. Мајки не ги делете своите деца од татковците,децата најмногу страдаат!
За секое превземање/изменување на лични статии со авторски права од тимот на Кафе Муабети ќе следува законска тужба.