Ребека Лус, поранешната асистентка на Дејвид Бекам, се уште тврди дека имала четиримесечна афера со него пред повеќе од 20 години.
Говорејќи на „60 Minutes Australia“, поранешната холандска манекенка која работеше како личен асистент на Бекам во 2003 година, повторува дека имала афера со Дејвид додека тој бил во брак со сопругата Викторија Бекам.
Бекам претходно изјави дека Лус лаже.
„Според мене, беше многу храбро да се оди против нив“, рече Лус, сега 47. „Се држев до вистината. Никогаш не претерував. Никогаш не лажев“, повторува Лус.
Дејвид и Викторија се во брак од 1999 година и имаат три сина – Бруклин, Круз и Ромео и најмладата ќерка Харпер.
Дејвид се уште не го коментирал новото појавување на Ребека во медиумите.



