Прославената манекенка и актерка Џенис Дикинсон (70) еднаш никого не остави рамнодушен. Ниту Силвестер Сталоне не можел да и одолее, па затоа и ја оставил својата девојка, но подоцна се покајал.
Имено, Сталоне имал паралелна врска со неа, по што Џенис останала бремена, а кога ја родила ќерката Савана Сталоне, актерот сакал да направи ДНК тест и открил дека тој сепак не е татко на девојчето.
Се испостави дека Џенис имала и паралелна врска за која молчела. Биолошкиот татко на девојчето е филмскиот продуцент Мајкл Бинбаум.
И покрај се, природната убавина на Џенис Дикинсон продолжила да маѓепсува и на модната писта и надвор од него, но тогаш оваа убавица станала зависна од пластични операции. На 33 години почнала да оди на различни процедури, а на нив го потрошила целото богатство, па прогласила банкрот во 2013 година.
Признала дека направила зголемување на градите, дотерување, стомак, врат, ботокс, липосукција… А потоа ги повторила повеќето од тие операции.

„Живеев за пластична операција“, изјави таа еднаш за InTouch.
Од убавица која сите ја обожаваа, таа се донесе до жена која не може да ги отвори очите.
Неодамна папараците ја фотографираа на улиците на Лос Анџелес. Таа носеше фармерки и впечатлива шарена блуза, додека лицето го криеше зад големите очила за сонце.

Во текот на кариерата работеше на кампањи за Џани Версаче, Келвин Клајн, Оскар де ла Рента…



