Бразилската убавица шокираше многумина со изјавата дека сака да изгледа како жена на типичен фудбалер – и успеа во таа намера… Равена Ханиели за „NY Post“ изјавила дека отсекогаш сакала да изгледа како сопруга на фудбалер, а на тој луксуз потрошила над 50.000 долари.
„Имав операција на носот, операција на градите, имав неколку зафати на лицето… Кога ќе ме видат на улица, луѓето мислат дека сум сопруга на познат фудбалер“, вели таа, пренесува Super Woman.
Оваа поранешна зајачица на Плејбој вели дека пластичните операции и го подобриле животот и и донеле бројни придобивки.
„Се појавив во скап ресторан без резервација и веднаш ме однесоа на најдобрата маса. Ме канат на ВИП забави, ми даваат подобри соби во хотелите…“ продолжува Равена.
Знам дека многумина ќе ме критикуваат, но се чувствувам убаво и задоволно“, заклучува Равена.



