Состојки:
- 800гр ЕКСТРА БЕЛО брашно тип 400 од Жито Лукс
- 200 гр. путер
- 200 гр. шеќер
- 3 јајца
- 2 банани
- ¼ прашок за пециво
- 100 мл. млеко
- 170 гр. чоколада за готвење
- течна чоколада за декорација
Подготовка:
Изматете го путерот, па додадете го шеќерот, јајцата, испасираните банани, брашното и прашокот за пециво, млекото и ситно сецканата чоколада и матете се додека смесата не се соедини.
Смесата сипете ја во калап за куглоф и печете во загреана рерна на температура од 180 степени околу 45 минути. Проверете со чепкалка дали куглофот е печен.
Сервирајте го куглофот на чинија за сервирање и декорирајте со растопена чоколада.