СОСТОЈКИ:
300 грама чоколадо
300 грама лешник
3 јајца
300 грама путер
300 грама бисквити
300 грама шеќер
ПOДГОТОВКА:
Карамелизирајте 200 грама шеќер. Во карамелот измешајте 200 грама препечени лешници. Ставете ја смесата на мрсна чинија па оставете ја да се олади. Останатиот шеќер измиксајте го со јајцата, а путерот разматете го посебно и соединете го со јајцата, потоа додајте растопена чоколада и 100 грама мелени лешници.
Иситнетите лешници измешајте ги во смесата, па додајте мелени бисквити. Се заедно добро промешајте и ставете во троаголен калап.



